Од 02-05 Мај Репрезентацијата на Македонија ќе учествува на големиот Меѓународен турнир во борење, слободен стил У-15 во машка и женска конкуренција кој се одржува во Лариса (Грција).
Боите на Македонската репрезентација ќе ги бранат 10 момчиња и 5 девојчиња.
Во машка конкуренција ќе настапат: 38 кг. Ендрит Сулејмани и Заим Заими, 41 кг. Лука Ананиев, 48 кг. Мираџ Мустафа, 52 кг. Абдулазиз Азизи, 57 кг. Дардан Бела, 62 кг. Матеј Трајковски, 68 кг. Даријан Павлев, 75 кг. Димитар Атанасов и 85 кг. Христијан Димитријев, а кај девојчињата: 50 кг. Спасија Василева, 54 кг. Теа Донева, 58 кг. Михаела Георгиева, 62 кг. Изабела Зајков и 66 кг. Викторија Гунова.
Правдата на душекот од Македонските судии ќе ја дели Игор Христов. Тренери на момчињата се: Јасин Реџалари и Риад Реџепи, додека тренер на девојчињата е Марјан Христов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ