Со победата од 1:0 над второпласираниот „Вардар“ на гостински терен, девојчињата на ЖФК „Кочани“ со 13 победи и само еден нерешен резултат сосема заслужено ја освоија шампионската титула во Втора Фудбалска Лига за жени.
Кочанчанки од следната сезона ќе се натпреваруваат во првата лига во која пред повеќе од десет години ја имаат освоено шампионската титула и двапати се освојувачи на купот на Македонија.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ