В НЕДЕЛА 11 МАЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 4. МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР „ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО“

Во Спорт
мај 6, 2025
1 минути

Шаховскиот клуб „Кочани“, со поддршка од Општина Кочани, в недела, 11 мај 2025 година, по четврти пат го организира Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“.

Турнирот е во сеќавање на една од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации.

Сите љубители на шахот коишто сакаат да учествуваат на турнирот можат да се пријават на телефонскиот број 078 665 846, кај Владимир Мицов, најдоцна до петок, 9 мај.

Турнирот ќе се одржи во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“, во Трговскиот центар, блок А, зграда 1, со почеток од 11 часот.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ