ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ШАМПИОНОТ „СЛОГА 1934“ СПРЕМЕН ЗА БАРАЖ НАТПРЕВАРОТ

Во Спорт
мај 11, 2025
1 минути

Со одигрувањето на натпреварите од 18-тото коло денес и официјално се спушти завесата во Трета Фудбалска Лига – Исток за натпреварувачката 2024/2025 година.

Екипата на „Слога 1934“ од виница со 17 победи и само еден загубен натпревар заслужено ка понесе титулата Шампион во лигата и се избори за бараж натпревар за влез во Втората Фудбалска Лига.

Во денешното последно коло шамионот „Слога 1934“ без поголеми напори славеше како гостин во Свети Николе, „Карбинци“ и „Дојранско Езеро“не им дозволија да земат ниту бод на гостите додека на натпреварите во Турново, односно Берово немаше победник.

Резултати од 18-тото коло:

Хоризонт Турново – Тиверија  1:1

Малеш – Брегалница 1926  0:0

Овче Поле – Слога 1934  1:5

Карбинци – Светлост 3:2

Дојранско Езеро – Ударник  5:2

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ