ДИНО ЛАЗАРЕВ ВО КОШАРКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКДЕОНИЈА ДО 16 ГОДИНИ

Во Спорт
јуни 20, 2022
1 минути

Кошаркарот на „Баскет Дино Деликатес“ од Копани Дино Лазарев се најде на потесниот список во репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 16 години.

По одржаниот тренинг на 14 овој месец на кој беа поканети 38 кошаркари, селекторот Андреј Апостолски Лечиќ и  неговите помошници Никола Димитриевски (тренер) и Дејан Србиновски (асистент) се одлучија за 18 кошаркари меѓу кои се најде и името на Дино Лазарев.

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 16 години ќе се натпреварува во „А дивизијата“ а турнирот ќе се одржи од 12 до 20 Август во Скопје.

Подготовките започнуваат на 27 јуни во Скопје (СРЦ Кале) а потоа ќе продолжат на Маврово.

С. Ивановски