Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Спартак“ денес во Кочани во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ се одржа 30-тото „ Државно првенство во борење слободен стил и борење за жени за сениори/ки 2024“.
На првенството се појавија 88 борачи во машка и женска конкуренција од клубовите: „Спартак“ „Лирија“ (Скопје), „Бучим“ (Радовиш), „Балканец“ (Штип), „Неготино“, „Борец“ (Велес), „Аждер“ (Охрид), „Тефејус“ (Скопје), „Студеничани“, „Конче“ (Радовиш) и „Шкупи“ (Скопје), „7-ми мај“ (Прилеп),
Првенството започна со едноминутно молчење со кое боречките работници му оддадоа почин на некогашниот Селектор и директор на МОК Насе Насев. Што се однесува до самите натпревари, гледачите видоа интересни и преди се возбудливи натпревари а домаќините кои на првенството учествуваа со дванаесет натпреварувачи оставија мошне добар впечаток.
Во машка конкуренција борачите на „Вардар“ покажаа најмногу и сосема заслужено го освоија првото место оставајќи ги зад себе екипите на „Лирија“, „Бучим“, „Балканец“ и „Спартак“.
Во женска конкуренција првото место им припадна на „7-ми Мак“, второпласирана е екипата на „Балканец“ а третото место го зазеде екипата на „Вардар“.
Борачите на „Спартак“ освоија едно прво, едно второ, три трети места и две пети, додека останатите пет натпреварувачи останаа без пласман.
Првото место – Расул Шапиев (79 кгр),
Второ место – Зоран Митев (57 кгр)
Трето место – Дамјан Крстев (57 кгр)
Трето место – Драган Глигоров (57 кгр)
Трето место – Стефан Штерјов (61 кгр)
Петто место – Александар Павлев (70 кгр)
Петто место – Баже Тасевски (61 кгр)
Добар настап но без пласман останаа: Ефтим Стоименов (70 кгр), Петар Иванов (86 кгр), горан Терзиски (92 кгр), Андреј Петков (97 кгр) и Стефан Миладинов (97 кгр).
Ова првенство покажа дека борењето полека но сигурно се враќа на старите позиции што е плод на систематското работење од сите структури во клубот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ