Со одигрувањето на натпреварите од 30-тото последно коло во Втора Фудбалска Лига. Кога е натпреварувачкиот дел во прашање и официјално се спушти завесата на годинешното првенство, но кога се чека ФФМ да се произнесе за еден натпревар кој крена премногу прашина во финишот на натпреварувањето може да дојде до некакви поместувања. Сепак откако се уверивме дека ова ново раководство во ФФМ не е дораснало за донесување правилни одлуки сомнежите дека нешто ќе се промени се сведени на 0 (нула).
Во рамките на ова коло во Кочани се одигра натпревар кој немаше некое големо значење. „Осогово“ ја пречека последнопласираната екипа на „Вардарски“ и сосема заслужено славеше со 4:0 (3:0).
Шефот на стручниот штаб на „жетварите“ со цел да ги сочува играчите за бараж натпреварот шанса им даде на повеќето млади играчи кои во главно ја грееа клупата. Им даде шанса и не погреши бидејќи младите играчи ја оправдаа довербата, трчаа, се бореа за секоја топка и покажаа дека на нив може сериозно да се смета.
Натпреварот беше решен во првото полувреме кога домаќините со головите на Тоше Манов во 18’22’31’ додека стрелец на четвртиот погодок беше Дамјан Стојковски во 77’.
Во очекување на одлуката од Дисциплинската комисија на ФФМ „Осогово“ ќе продолжи интензивно да се подготвува за бараж натпреварот бидејќи ако дисциплинците требаше да донесат конечна одлука тоа мораше да се направи пред одигрувањето на последните две кола, вака сомнежите се зголемени па која и да се донесе сега одлука ќе фрли многу кал на регуларноста на целото првенство.
Резултати од 30-тото коло:
Осогово – Вардарски 4:0
Борец – Охрид 4:1
Брегалница – Башкими 0:1
Детонит Плачковица – Победа 2:2
Скопје – Каменица Саса 3:2
Кожуф – Новаци 5:1
Македонија ГП – Беласица 0:0
Вардар – Аресими 0:4
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ