ПОСЛЕ ДЕСЕТ ГОДИНИ – ПРОЕКТОТ „ОТВОРЕНИ ЗАБАВНИ ФУДБАЛСКИ ШКОЛИ“ СЕ ВРАЌА ВО КОЧАНИ

мај 19, 2025
1 минути

По десет години пауза во Кочани повторно ќе се организира Отворената забавна фудбалска школа што се реализира во рамки на проектот Open Fun Football Schools и истите  во Кочани ќе се одржи во Петок на 23 мај со почеток во 10 часот на стадионот „Никола Мантов“.

По тој повод денес во ОУ „Никола Карев“ – Кочани се одржа состанок меѓу директорките на училиштата и одделенските наставници и наставниците по ФЗО од основните училишта од Кочани и Оризари каде беа договорени деталите околу реализирање на настанот.

 

„Особено задолство ми е што сме повторно во вашиот град да направиме една прекрасна манифестација во соработка со покровителите и подржувачите на манифестацијата – Open Fun Football Schools, Ротари клуб Кочани – Виница и бизнис заедницата од Кочани во соработка со основните училишта од Кочани и Оризари. Ќе учествуваат 140 ученици од 4 то одделение, заедно со нивните одделенски наставници и наставниците по ФЗО заедно со наши инструктори. Ќе направиме една манифестација на градскиот стадион во Кочани во петок на 23 мај со почеток во 10 часот и тоа ќе биде манифестација на игра, забава и дружење на децата од сите училишта од Општина Кочани“, рече Цено Александровски од „Отворени забавни фудбалски школи Македонија.

Проектот Отворени забавни фудбалски школи веќе 25 години е присутен во Македонија и во соработка со најразлични донатори се организира и во другите градови. Од прокетот се надеваат дека ќе бидат поддржани и од Фудбалската федерација на Македонија бидејки вакви манифестации се потребни во општеството и се надеваат дека ќе се организираат и во иднина.  Преку ваквите манифестации се развива спортскиот и натпреварувачки дух на учениците но основната идеја е и забавниот концепт“, додаде Александровски.

Она што е важно не е резултатот, туку аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњео и подобрувањето на нивото на вештините.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ