Под мотото „Младите трчаат“ денес по Зрновскиот кањон се одржа крос кантри трка на која учествуваа младите од општината.
Поради специфичноста на кањонот обезбедувањето и беше доверено на ДПСС (Доброволна Планинска Спасителска Служба) од Кочани која беше присутна со 10 спасители.
Трката помина во најдобар ред а Медицинскиот тим кој исто така беше задолжен да присуствува на трката имаше една интервенција бидејќи еден од учесниците колабираше.
Се на се добра организација и убава промоција на младите од Општина Зрновци.
С. Ивановски