ШЕЕСЕТ ГОДИНИ ГЕНЕРАЦИСКА СРЕДБА НА ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА ОД ГИМНАЗИЈАТА „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ

јуни 6, 2025
0 минути

На првиот ден од месец Јуни втората генерација од Гимназијата „Љупчо Сантов“ од Кочани, прослави 60 години матура.

Како што истакнаа на средбата имаше некогашни ученици од Кочани, Виница, Штип а еден од учениците дојде и од Канада.

„Иако бевме мала група целта ни беше да се собереме и да го одбележиме денот. Средбата имаше и донаторски карактер. Беа собрани средства за настраданите во пожарот во Кочани кои се уплатени во Црвен крст. Сочувствуваме со сите родители кои изгубија свое чедо а и со оние кои имаат повредено дете за чие заздравување ќе треба да поминат години. Ние сме со вас наши сограѓани а и Господ да биде со вас“ гласеше пораката од средбата која се одржа во еден од угостителските објекти во Виница.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ