И З В Е С Т У В А Њ Е

март 25, 2022
1 минути

Ги известуваме граѓаните дека на ден 26 Март 2022 година (Сабота), со почеток во 18 часот Ротари клубот Кочани-Виница ќе организира трка, Rotary RUN, низ Кочанските улици.

Стартот на трката ќе биде пред домот на културата во Кочани.

На трката ќе земат учество 220 учесници, меѓу кои и најдобрите натпреварувачи од Македонија. Настанот е веќе најавен и добиена е согласност од страна на Општина Кочани. Ова претставува одлична можност за промовирање на спортот и здравите животни навики а воедно и културна промоција на нашиот град.

Со цел усшпешно организирање на настанот ги известуваме граѓаните дека во периодот од 17.00 до 20 часот сообраќајниот режим на дел од улиците во Кочани ќе биде ограничен. Улиците Кеј на револуцијата, Борис Трајковски, Гоце Делчев и Дел од улицата ВМРО ќе бидат затворени за сообраќај во споменатиот период.

25.03.2022

Со Почит,

Ротари Клуб Кочани-Виница