Во Вторник (08.07.2025 година) со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани е закажана премиерата на театарската претстава „Експеримент ЛЕКЦИЈА“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани.
Претставата е работена на текстови на Е.Јонеско и Х. Милер, а во режија на Перо Даниловски. Улогите ги толкуваат: Билјана Јосифова, Даниел Георгиевски и Влатко Јосифов.
Билети може да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 200 денари.
НУЦК „ Бели мугри“ Кочани.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ