СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ : СООПШТЕНИЕ

јули 9, 2025
1 минути

По немилиот настан и физичкиот напад во Советот на Општина Кочани од страна на советникот Аки Акиов, Претседателот на Советот, водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните, за денеска свика и одржа итна координација со советничките групи за надминување на настанатата состојба и продолжување со работа на институцијата. На координацијата се идентификувани неколку итни и значајни точки кои се од суштинско значење за функционирањето на општината и за животот на граѓаните:

  1. Усвојување на одлука за донацијата од компанијата Амфенол за реконструкција на улица во село Тркање;
  2. Ребаланс на Буџетот на Општина Кочани;(Ребаланс во кој ќе бидат отстранети сите ставки за привремени вработувања)
  3. Одлука за организиран линиски превоз за учениците во општинските училишта.

4.Именување на училишната спортска сала во ООУ,,Никола Карев” – Кочани во ,,Кочанските Ангели” во чест на трагично загинатите деца во нереќата во дискотеката ,,Пулс”

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата смета дека овие точки не смеат да бидат заложници на насилството и деструктивното однесување на поединец. Советникот Аки Акиов со своето однесување го наруши достоинството на Советот и институцијата Општина. Тој го изгуби секое морално право да учествува во понатамошната работа, а неговото присуство е неприфатливо додека не сноси соодветна одговорност.

Ги повикуваме сите останати советници, без разлика на политичката припадност, и без разлика на времената функција која ја остваруваат да изградат заеднички став и да дејствуваат во интерес на граѓаните. Советот мора да покаже зрелост, единство и способност за носење на одлуки кои се клучни за секојдневието на жителите на Кочани.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ

и Коалицијата Совет на Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ