ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД „ЛАСТОВИЦА“ – КОЧАНИ ОРГАНИЗИРА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „ЗА ТУРЦИЈА И СИРИЈА“

февруари 12, 2023
0 минути

Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани започнувајќи од 13  па се до 17 Февруари во времетраење од 12:00 до 14:00 часот во „Градскиот парк“ (спротив кафе бар „Пролет“) во Кочани организира хуманитарна акција под мотото „Добри дела“ во која ќе се собираат донации кои ќе бидат наменети за постраданите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.

Во прилог се листите на кои е запишано што ќе можат сите заинтересирани да донираат.

Да ја покажеме нашата хуманост на дело.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ