ЕКИПАТА НА „СОКОЛАРЦИ“ ПОБЕДНИК НА ГОДИНЕШНИТЕ „ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ“

Во Спорт
август 2, 2025
1 минути

Со натпреварот „Соколарци“ – „Облешево“ денес на најголемиот Македонски празник Илинден се спушти завесата на 53.издание на „Илинденските Спортски Игри“ – Чешиново 2025.

Екипата на „Соколарци“ е годинешниот победник откако во финалето по подоброто изведување на пенали ја совладаа мошне добрата екипа на „Облешево“ со 5:4,  натпреварот во регуларниот дел заврши без голови.

Победникот заработи чек од 140.000 денари, додека второпласираната екипа мораше да се задоволи со чек од 70.000 денари.

По завршувањето на натпреварот Организациониот одбор на „Илинденските Спортски Игри“ ги прогласи и најуспешните поединци.

Признанието „Најдобар голман“ му припадна на Филип Лазаревски од екипата на „Соколарци“, додека неговиот соиграч Славче Живков ја понесе титулата „Најдобар играч“.

ОФС – Кочани и ОВР – Кочани од организаторите добија посебни благодарници, а благодарница беше доделена и на Општина Чешиново-Облешево за несебичната поддршка при организирањето на турнирот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ