АНДРЕЈ СИМЕВСКИ СЕ СЕЛИ ОД „ОСОГОВО“ ВО „СЛОГА 1934“

Во Спорт
јануари 16, 2022
0 минути

Играчот на ГФК „Осогово“ Андреј Симевски раши во зимскиот преоден рок да се пресели во „Слога 1934“ од Виница.

Симевски во „Осогово“ дојде пред почетокот на есенскиот дел од првенството. Беше стандарден играч на првата постава на „жетварите“ и во изминатите кола постигна два погодока.

Како што не информираат од клубот Симевски ги известил дека сака да ја смени средината, па како во кочанскиот второлигаш не сакаат незадоволни играчи решиле да не му прават проблеми.

Инаку Андреј Симевски е вториот играч кој во овој преоден рок од „Осогово“ се сели во „Слога 1934“, пред него тоа го направи Благојчо Коцев.

С. Ивановски