ПАТЕКАТА ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ БЛОКИРАНА ОД НЕСОВЕСНИ ВОЗАЧИ

август 7, 2025
1 минути

Станари се пожалија дека несовесни возачи го узурпираат просторот на нивниот паркинг кој се наоѓа веднаш позади заградите на некогашниот „Комитет“ и на “Стопанска банка“ во трговскиот центар во Кочани.

„Не знаеме веќе од кого да побараме заштита. Паркинг просторот кај нашите згради постојано го користат оние возачи кои не сакаат да си платат паркирање, а нивните возила ги паркираат онаму каде ние треба да ги паркираме нашите возила. Но денес по кој знае кој пат некој несовесен возач го блокираше потегот кон еден од влезовите на зградата кој го користат лицата со инвалидитет. Додека влеговме во влезот ние знаеме како ни беше. Апелираме до полицијата еднаш за секогаш да го реши овој проблем бидејќи во спротивно доколку ваквиот простор биде блокиран ќе мора да му ги исечеме сите гуми на ваквиот тип совесни возачи“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ