На една седмица пред стартот на првенството во Втората Фудбалска Лига во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ во т.н. генералка, домаќинот „Осогово“ ја совлада „Беласица“ со 1:0 (0:0).
Гледачите видоа фудбал кој е на просекот на второлигашки екипи. Во прото полувреме и двете екипи создадоа по две прилики за гол но за жал ниту еднаш не се затресе мрежата на која и да е страна.
Победникот беше решен во 60’ кога по одлично изведениот слободен удар за домаќините и одличната интервенција на гостинскиот голман на чија жалост топката од неговите раце удри во пречката, докде до осаменикот Николовски кој од неколку метри ја спроведе во незаштитениот дел од мрежата.
И двајцата тренери им дадоа шанса на сите играчи за да имаат појасна слика во текот на натпреварите за бодови.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ