ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ 14 МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КАРАТЕ ТУРНИР ВО ТЕТОВО

Во Спорт
септември 22, 2025
1 минути

Во организација на Карате Федерацијата на Македонија и Карате Клуб „Фати“ од Тетово, во неделата во Тетово се одржа Меѓународен Карате Турнир „Тетово опен 2025“.

Карате Клуб „Кочани“ учествуваше со 10 натпреварувачи од кои некои се натпреваруваа и во две категории за да на крајот бидат освоени 14 медали од кои 5 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали.

Златните медали ги освоија:

– Алексеј Ристов 2015,  до 35 килограми

– Лана Ристова 2015, +40 килограми

– Илина Костадинова 2013,  до 45 килограми

– Лука Златков 2012,  до 55 килограми

– Наталија Карова сениори  до 50 килограми

Со сребро се закитија:

– Ана Костадинова 2015, +40 килограми

– Катерина Стојановска 2013, +50 килограми

– Томислав Ристов кадети до 52 килограми

– Душанка Ристова 2012 до 44 килограми

Бронзените медали се најдоа на градите на:

– Илина Костадинова 2012,  до 44 килограми

– Томислав Ристов 2012,  до 50 килограми

– Душанка Ристова кадети до 47 килограми

– Дамјан Симеонов 2015, до 35 килограми

– Дамјан Симеонов 2014,  до 35 килограми.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ