“Учениците пеат” е насловот на концертот што по повод одбележување на Неделата на детето го организира ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Оризари. На концертот што ќе се одржи на в петок на 03.10 во 18 часот во салата на Домот на културата во Оризари ќе настапат учениците одделенска и предметна настава.
На концертот младите талентирани учениците ќе имаат можност да го покажат својот музички дар, љубовта кон песната и уметноста.
Настанот ќе се одржи во пријатна атмосфера, исполнета со детски гласови, енергија и искрени емоции.
Ова е прекрасна можност да се поддржи креативноста и трудот на учениците, кои со многу посветеност и љубов се подготвија за настапот.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ