ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „УДАРНИК“ ОПАСНО СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА

Во Спорт
октомври 12, 2025
1 минути

Денес се одиграа четири од закажаните пет натпревари во Трета Фудбалска Лига – Исток. Натпреварот во Валандово каде лидерот на табелата „Победа“ требаше да игра натпревар со „Дојранско Езеро“ е одложен.

Екипата на „Ударник“ со победата на домашен терен опасно се ближи кон лидерската позиција, во Зрновци домаќинот „Светлост“ стигна до првиот бод а во Карбинци победа на домаќините. Единствено натпреварот во Делчево заврши без победник.

Резултати од 6-тото коло:

Карбинци – Малеш  2:1

Брегалница (Д) – Хоризонт Турново  2:2

Ударник – Рудар  3:0

Светлост – Овче Поле  1:1

Слободна беше екипата на Тиверија

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ