ВО НЕДЕЛА ВО МАНАСТИРОТ ВО М.В. ДОБРА ВОДА ЌЕ БИДАТ ОСВЕТЕНИ ТЕМЕЛИТЕ НА НОВА КУЈНА

октомври 28, 2025
1 минути

На ден 02.11.2025 год. (недела), по повод осветување на манастирот Источен Петок-Балаклија, во м.в Добра Вода во с.Оризари, ќе се одржи голем народен собир кој ќе започне со Света Божествена Златоустова Литургија со почеток од 08:30 часот.

По Светата  Литургија ќе се изврши Чин Освет на темели на нова кујна, а по осветувањето ќе се благослови и трпеза на љубовта, благословен ручек.

Свештениците од Оризарската парохија ги покануваат сите православни верници на заедничка молитва.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ