ПРЕД 52 ГОДИНИ СЕ РОДИ ЛЕГЕНДАРНИОТ ЖЕНСКИ РАКОМЕТЕН КЛУБ „КОЧАНЧАНКА“ – КОЧАНИ

Во Спорт
ноември 18, 2025
1 минути

Прелистувајќи ги старите фотографии и документи во папката за ракомет наидов на оригиналниот Записник во ко што стои запишано: На денешен ден пред 52 години (18.11.1973 година) во една од просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани одржано е Основачко собрание за формирање на женски ракометен клуб РК „Кочанчанка“ – Кочани.

Иванов Симеон, Максимов Кирил, Ангелов Јордан, Атанасов Јорданчо, Алексов Спирко, Беличев Симеон, Ристов Тодор, Пенов Благој, Јанков Благој, Адамов Димитар, Зашов Глигор, Цеков Цеко, Стојанов Тодор, Горгиев Драги и Валентин Бобришев се петнаесетте членови на Основачкото Собрание

Од името на Иницијативниот одбор Основачкото собрание го отвори Претседателот на Иницијативниот одбор инг. Иванов Симеон а се дебатираше по четири точки од Дневниот ред меѓу кои беше донесен Статут на ракометниот клуб а беше избран и Управен Одбор кој броеше 11 членови.

Сигурната управа, одличните играчи селектирани преку Стручниот штаб, ракомет добро поткованиот тренер Јанков Благој  за кратко време создадоа клуб кој жареше и палеше на ракометните терени ширум Македонија.

РК „Кочанчанка“ 1982 година стана Шампион на Република Македонија и како првак требаше од следното првенство да настапува еден ранг повисоко, но таа година како за малер таа година беше формирана  Меѓурепубликата-покраинска лига која предвидуваше натпреварите да се играат во затворен простор. Како Кочани во тој период немаше таква сала во која ќе се играат натпреварите, Кочани како град и љубителите на ракометот останаа кратки за едно убаво задоволство да го гледаат нивниот клуб РК „Кочанчанка“ еден ранг повисоко.

И сета ова ракометна убавина му се случуваше на Кочани во време на Југославија. По излегувањето на Македонија од Федерацијата имаше напори ракометот да заживее но сите тие идеи имаа краток век.

Денес кога Кочани има спортски објекти во кои може да се имгра ракометот за жал нема ентузијасти како пред половина век бидејќи сега е девизата „Ако некој не плаќа ќе играме“.

Штета, навистина голема штета.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ