Стојче Стојов и Екрем Мемеди засега се двајцата играчи кои во изминатите три дена му пристапија на Кочанскиот второлигаш.
Стојов доаѓа од екипата на „Каменица Саса“ а боите на „Осогово“ ги бранеше во второлигашката сезона 2019/2020, додека пак Мемеди всушност се врати во „Осогово“ од екипата на „Башкими“ (Куманово) бидејќи последните настапи за кочанчани ги имаше во второлигашката конкуренција во сезоната 2021/2022.
Од стручниот штаб се задоволни од досегашната трансфер политика но сепак размислуваат до почетокот на првенството да го привлечат вниманието на уште некој квалитетен играч.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ