Второлигашите продолжуваат со забрзано темпо да ја завршат есенската сезона. Веќе утре (Вторник) се играат натпреварите од 14-тото претпоследно есенско коло за да веќе во Сабота се спушти завесата на есенскиот дел од првенството.
„Осогово“ по добрите игри во последните натпревари гостува на „Брегалница“ во Штип. Кочанчани ќе сакаат да се надигруваат со големиот противник, но Шефот на стручниот штаб на „жетварите“ Крсте Крстев го мачи проблемот со неколку болни играчи. Токму здравствениот билтен ќе го крои составот кој ќе се спротивстави на штипските „сини“. Но кои играчи да истрчаат на теренот во Штип ќе треба да го дадат својот максимум доколку сакаат непоразени да се вратат во Кочани.
Дополнителен проблем за кочанчани е и информацијата за делегираната судиска четворка од Гевгелија на чело со главниот судија Доне Ристовски за кого кочанчани ги врзуваат лоши спомени. Овој судија им остана во непријатно сеќавање на љубителите на фудбалот во Кочани бидејќи на натпреварот токму против штипска Брегалница кој се одигра оваа пролет во Кочани досуди непостоечки пенал за гостите со кој тие стигнаа до трите бода.
Како и да е утре се очекува добра фудбалска претстава на две добри екипи а нека победи оној што ќе покаже подобар фудбал и ќе ги искористи своите прилики за гол.
Двојки за 14-тото коло:
Брегалница – Осогово
Тетекс – Кожуф
Вардар (Н) – Победа
Новаци – Шкендија (А)
Каменица Саса – Беласица
Преспа – Слога 1934
Охрид – Детонит Плачковица
Скопје – Големо Коњари
Натпреварите започнуваа во 13:00 часот
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
