ТРИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА ТУРНИРОТ ВО БАР (ЦРНА ГОРА)

Во Спорт
ноември 26, 2025
0 минути

Во саботата и неделата членовите на Карате Клуб „Кочани“ – Кочани зедоа учество на големиот карате турнир во Црна Гора – „Трофеј Бар 2025“. Освоени се вкупно три медали од кои два златни и еден сребрен.

Со златен медал се закитија Алексеј Ристов во категорија У10 до 35килограми и Наталија Карова во категорија У21 до 50 килограми.

Дамјан Симеонов во категорија У11 до 35 килограми го освои сребрениот медал. Со малку повеќе среќа, и четвртиот претставник на „Кочани“ Душанка Ристова можеше да се закити со медал, но и нејзиното учество од страна на тренерот беше оценето како мошне успешно.

„Имавме еден прекрасен викенд турнир во Бар во Црна Гора. Задоволен сум од настапот на нашите каратисти. Освоивме три медали а со малку поголема среќа можеше да бидат и четири. Голема благодарност до Карате Клубот Олимпик од Скопје и до тренерот Александар Кузмановски за меѓусебната спортска дружба“, истакна тренерот на КК „Кочани“ Игор Каров.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ