УТРЕ (САБОТА) ЗАВРШУВА ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Во Спорт
ноември 28, 2025
1 минути

Утре (Сабота) со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 15-тото последно есенско коло во Втора Фудбалска Лига.

„Осогово“ по серијата добри резултати во последните четири кола кога освои 10 бодови и импресивна гол разлика 12:1, со доза на голем оптимизам ја пречекува солидната екипа на „Новаци“ во чии редови настапуваат неколки млади но моѓне квалитетни играчи.

Кочанчани ја посакуваат победата за да имаат помирна зимска пауза и да бидат во горниот дел на табелата, но до мошне важните три бода можат да сѕигнат само со стрплива и дисциплинирана игра.

Двојки за 15-тото коло:

Осогово – Новаци

Големо Коњари – тетекс

Детонит Плачковица – Скопје

Слога 1934 – Охрид

Беласица – Преспа

Шкендија (А) – Каменица Саса

Победа – Брегалница

Кожуф – Вардар (Н)

Сепак, поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија Македонија прашање е дали сите натпревари ќе се одиграат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ