НЕИСКУСТВОТО ГО ЧИНЕШЕ МЕДАЛ МЛАДИОТ ДАРИЈАН ПАВЛЕВ

Во Спорт
мај 6, 2023
1 минути

Неискуството го чинеше медал младиот Даријан Павлев, кој дебитираше на едно големо натпреварување. Имено Павлев како репрезентативец на Македонија настапи на Балканското првенство У-15 и У-17 за момчиња и девојчиња кое се одржува во Серез (Грција).

Павлев денес загуби во борбата за бронзениот медал само од неискуство. Имено на 20 секунди до крајот на борбата Павлев имаше сигурно водство од 6:2 но желбата да го дотолчи противникот скапо го чинеше, влезе непотребно во една акција во која противникот подобро се снајде и го тушираше нашиот претставник.

Инаку стартот на ова првенство за Даријан Павлев кој настапи во категоријата до 57 килограми беше импресивен. Со сигурна борба успеа да го победи домашниот натпреварувач со што си ги зголеми шансите за медал. Но во второто коло поради неискуството или стравот за победа загуби од претставникот на Молдавија па мораше шансата да ја бара во репесажот со претставникот на Бугарија Димов, која за жал не ја искористи.

Како и да е и освоеното петто место е успех за Даријан Павлев. По многу долг период БК „Спартак“ конечно имаше свој претставник на еден голем собир, Павлев се бореше добро но грешките што ги направи кога се одлучуваше директно за медал ќе му останат како една поука  дека кога го има натпреварот во раце нема потреба од брзање и докажување. Лекцијата ја доби, се надеваме дека истата ќе ја сфати сериозно, уште повеќе ќе тренира и се надеваме дека во блиска иднина и една од медалите  ќе се најде на неговите гради.

Главата горе Даријан, одиме понатака.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ