Во организација на Карате Клуб „Цветан Димов“ од Скопје и Карате Федерацијата на Македонија во саботата во Скопје се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Гран При – Скопје“.
Во конкуренција на повеќе од 700 натпреварувачи од клубови како од Македонија така и од други земји, Карате Клуб „Кочани“ настапи со 10 натпреварувачи кои освоија 13 медали од кои 2 златни 1 сребрен и 10 бронзени.
Златни медали:
Алексеј Ристов – категорија У10 +30 кг
Дамјан Симеонов категорија У12 -35 кг
Сребрен медал:
Илина Костадинова У14 -49 кг
Бронзени медали:
Лана Ристова категорија У12 +40кг
Илина Костадинова категорија У12 +40 кг
Душанка Ристова категорија У14 -49кг
Душанка Ристова категорија У14 +49кг
Лука Златков категорија У14 -55кг
Илина Костадинова кадетки -47кг
Томислав Ристов кадети -52 кг
Томислав Ристов У14 -50 кг
Лука Златков кадети -57кг
Лука Ѓоргиев Јуниори -61 кг
Катерина Стојановска поради повреда предвреме ги заврши борбите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
