ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“

март 2, 2022
0 минути

Неодамна започна реконструкцијата на улицата „Гошо Викентиев“ во должина од 340 метри. Изведувач на градежните работи е компанијата „Ленди Груп“.Работните активности освен реконструкцијата и асфалтирањето на улицата, вклучуваат и менување на ивичњаци и изградба на тротоарските површини.

Реконструкцијата на улицата е финансирана од Светска банка.

На улицата „Гошо Викентиев“ претходно беше извршена замена на постојната водоводна линија и поставен нов атмосферски одвод, со поставување нови сливни решетки.

Општина  Кочани