Оризари ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари започна соработка со партнер-училиштето – ООУ „Гоце Делчев “- Конче Радовиш со цел унапредување на меѓуетничката интеграција и развивање позитивни односи меѓу учениците.
Како дел од меѓукултурната размена ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари реализираше заедничка активност со партнер-училиштето во рамки на програмата за меѓуетничка интеграција.

Учениците од петто одделение од ООУ „Крсте Мисирков“ и нивните врсници од пријателското училиште „Гоце Делчев“ од Конче изработуваа новогодишни честитки и имаа интересни активности и дружење, така што покажаа одлична соработка, почитување и интерес за запознавање со различни култури и јазици.

Целта е продлабочување на меѓукултурната размена и градење трајни пријателства. Настанот беше организиран во рамки на проект за меѓународна соработка, кој има за цел да ги поврзе младите преку образование, креативност и заеднички вредности.

Наставниците и стручниот тим од ОУ Крсте П. Мисрков“ истакнаа дека оваа соработка претставува важен чекор кон развивање толеранција, почитување на различностите и подобрување на комуникациските вештини на учениците. Тие додадоа дека младите учат да работат во тим, да разменуваат идеи и да креираат заеднички проекти кои ги зближуваат двете култури.

Учениците со голем ентузијазам учествуваа во сите активности, а многумина од нив истакнаа дека со нетрпение очекуваат нови средби и можности за заедничко дружење.
Активноста заврши со културно-уметничка точка на која гостите пееја песни симболично покажувајќи дека разликите нè збогатуваат, а соработката нè обединува.

Настанот помина во позитивна и пријателска атмосфера, а ваквите вакви заеднички активности ќе продолжат и во иднина, со надеж дека ќе прераснат во традиција и мост на пријателство меѓу двете училишта.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
