Кочанчани годинава ќе бидат ускратени за едно големо новогодишно задоволство а тоа е традиционалниот „Новогодишен концерт“
ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани нема да го одржи концертот во знак на почит кон настраданите во дискотеката „Пулс“.
Трагедијата и да не се случеше, одржувањето на годинешното 24-то издание ќе беше доведено во прашање од причини што салата каде се планираше одржувањето на „Новогодишниот концерт“ нема услови да се затоплува.
Како и да е 24-тото издание на „Новогодишниот концерт“ ќе биде поместено за следната година.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
