РЕАКЦИЈА ОД ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ – КОЧАНИ

декември 15, 2025
0 минути

Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани упатува реакција на денешниот текст „Жена лишена од слобода, управувала патничко возило со 2,63 промили алкохол во крвта“ објавено во вашиот портал.

Имено во текстот кој како што наведувате ви е испратен од СВР Штип стои дека полициски службеници контролата ја извршиле на улицата „ВМРО“ во Кочани. За ваша информација, таква улица не постои во Кочани туку по се изгледа контролата е направена на улицата „Маршал Тито“ во Кочани.

Во ноември месец 2014 година од една советничка од Советот на Општина Кочани имаше предлог улицата „Маршал Тито“ да се преименува во „ВМРО“ но благодарение на нашите реакции како здружение и на огромниот број граѓани во Кочани се остана само на предлог, никогаш не е извршена таа промена.

Ги замолуваме надлежните служби посебно овие од Полициска станица да не прават вакви грешки бидејќи доаѓа до забуна.

Се надеваме дека во иднина нема да се случуваат вакви гафови.

Со поздрав и почитување.

ЗГ „Јосип Броз Тито“

Претседател:

Трајан  Трендов

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ