ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ: НОВОГОДИШЕН БАЗАР

декември 20, 2025
1 минути

Во духот на новогодишните празници, Општина Кочани ги поканува граѓаните да бидат дел од традиционалниот новогодишен базар што го организира ООУ „Никола Карев“.
Настанот ќе се одржи на 22 декември 2025 година (понеделник) со почеток во 16:00 часот, на големиот паркинг во училиштето.
Учениците со многу љубов и креативност ги подготвија своите новогодишни изработки, кои ќе бидат изложени на продажните штандови. Празничната атмосфера ќе ја надополни музичката програма на училишниот хор, под водство на наставничката Ангелина Катмерова Алексова.
За дополнителна забава ќе се погрижи DJ Bono, а најмладите посетители ќе имаат можност да се дружат со омилените ликови Мики Маус и Мини. Организаторите најавуваат и низа пријатни изненадувања за децата.
Општина Кочани ги поканува сите граѓани да ја споделат празничната радост и заедно да уживаат во новогодишната магија создадена од учениците и вработените во ООУ „Никола Карев“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ