ОДРЖАН ПОКАЗЕН ТРЕНИНГ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „HER WORLD HER RULES“.

април 7, 2022
1 минути

Под покровителство на ФИБА денес во спортската сала при ООУ, „Никола Карев“ –  Кочани се одржа показен тренинг за девојчиња во рамките на проектот „HER WORLD HER RULES“.

Проектот беше реализиран од страна на претставници од Кошаркарската Федерација на Република Северна Македонија, Саша Димитријевиќ и репрезентативката Елена Тасевска, додека домаќини на проектот беа професорите по Физичко и здравствено образование Станкица Атанасова и Ивица Цимбаљевиќ.

Околу еден час ученици од ООУ  „Никола Карев“ – Кочани работеа основни елементи од кошаркарската игра, притоа запознавајки ги преку играта убавините на овој доста популарен и интересен спорт што е и основна цел на проектот.

Од страна на претставниците од КФРСМ на училиштето домаќин му беа доделени кошаркарски топки а на учесниците во истиот, спортски дресови.