ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ – ЛАВЕН ПОВИК ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ ТЕРМИНИ ВО СПОРТСКА САЛА ВО ОРИЗАРИ

септември 12, 2023
1 минути

Врз основа на точките I., II, IV и VI од Одлуката за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта: ОУ „Св.Кирил и Методиј“ -Кочани, ОУ „Никола Карев“- Кочани, ОУ „Крсте П.Мисирков“-Оризари, ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани донесена од Советот на Општина Кочани под број 09-819/1 од 06.04.2023 година („Службен гласник на Општина Кочани бр.4/2023, бр.5/2023 и бр.9/2023“) ООУ „Крсте П.Мисирков“–Оризари, Кочани на ден 12.09.2023 година објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на салата во ООУ „Крсте П. Мисирков“– Оризари ,Кочани

  1. Предмет на овој јавен повик е: Учество на јавно наддавање за распределба на термините за користење на салата во ООУ „Крсте П.Мисирков“– Оризари Кочани.

За користење на салата во ООУ „Крсте П.Мисирков“ – Оризари ,Кочани се распределуваат следните термини :

Работни денови :

Понеделник Вторник Среда Четврток Петок

1 термин од 18:30 до 19:30 часот

од 18:30 до 19:30 часот

од 18:30 до 19:30 часот

од 18:30 до 19:30 часот

од 18:30 до 19:30 часот

2 термин од 19:30 до 20:30 часот

од 19:30 до 20:30 часот

од 19:30 до 20:30 часот

од 19:30 до 20:30 часот

од 19:30 до 20:30 часот

3 термин од 20:30 до 21:30 часот

од 20:30 до 21:30 часот

од 20:30 до 21:30 часот

од 20:30 до 21:30 часот

од 20:30 до 21:30 часот

4 термин  од 21:30 до 22:30 часот

од 21:30 до 22:30 часот

од 21:30 до 22:30 часот

од 21:30 до 22:30 часот

од 21:30 до 22:30 часот

Неработни денови :

Сабота

1 термин од 9:00 до 10:00 часот

2 термин од 10:00 до 11:00 часот

3 термин од 11:00 до 12:00 часот

4 термин од 12:00 до 13:00 часот

5 термин од 13:00 до 14:00 часот

6 термин од 14:00 до 15:00 часот

7 термин од 15:00 до 16:00 часот

8 термин од 16:00 до 17:00 часот

9 термин од 17:00 до 18:00 часот

10 термин од 18:00 до 19:00 часот

11 термин од 19:00 до 20:00 часот

12 термин од 20:00 до 21:00 часот

13 термин од 21:00 до 22:00 часот

  1. Почетна цена на наддавање:

Надоместокот за користење на салата за спортските здруженија односно клубови ќе се плаќа од тренинг односно за време од 90

минути, а за рекреативците за време од 60 минути.

2.1. За спортските здруженија (клубови): по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00 денари, а во деновите на викенд почетна цена од 520,00 денари.

2.2. За група рекреативци: по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00 денари, а во деновите на викенд почетна цена од 650,00 денари.

  1. Ден и место на одржување на јавното наддавање

3.1. Јавното наддавање ќе се одржи на ден 14.09.2023 година во салата за состаноци во ООУ „Крсте П.Мисирков“-Оризари ,Кочани со почеток во 12:00 часот.

Јавното наддавање ќе го спроведе Комисија формирана од директорот на училиштето. За јавното наддавање комисијата ќе води записник кој ќе го достави до директорот на училиштето.

  1. Услови за учество на јавното наддавање и уплата на депозит:

4.1. На јавното наддавање можат да се јават само спортски клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари.

Доколку нема заинтересирани клубови кои се натрпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари на јавното наддавање право на учество имаат и здруженија на граѓани и рекреативци.

4.2. За да може да учествува на јавното наддавање секој понудувач треба да уплати депозит во износ од 4.000,00 денари на сметката на училиштето и тоа на :

Сметка на буџетски корисник 7360105193-787-17

Приходно конто 723116

Програма Н1(N1)

4.3. Ако понудувачот нема уплатено депозит нема право да учествува на јавното наддавање.

4.4. Доколку најповолниот не го склучи договорот со директорот на училиштето за користење на салата за термините за кој понудил највисока цена го губи правото да му се врати депозитот.

4.5. Минимален чекор на наддавање изнесува 100 денари.

  1. Документи кои се поднесуваат:

– Пријава за учество (образецот е во прилог на повикот),

– Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот),

– Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот),

– Доказ (ууплатница за уплатен депозит)

  1. Крајниот рок за прием на пријави по овој повик е: Пријавата за учество на јавно наддавање се поднесува до Комисијата за јавно наддавање во ООУ „Крсте П.Мисирков“ –Оризари ,Кочани до 14.09.2023 година до 12:00 часот

Кочани, 12.09.2023 година

Комисија за јавно наддавање-