Денеска во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани беше промовиран проектот Зголемување на инклузивноста за млади со посебни потреби преку мултидисциплинарен пристап.
Главна цел на проектот е создавање инклузивна средина за млади со посебни потреби преку специјално приспособена програма која вклучува активности од разни области: драма, танц, уметност, јога и спорт.

Специфични цели се: развој на инклузивни програми, воспоставување транснационален инклузивен клуб; промовирање на социјална интеграција – преку заеднички активности и тимска работа меѓу средношколци и млади со посебни потреби, како и зголемување на свесноста за важноста на инклузијата – кај локалните власти, родителите, наставниците и пошироката заедница.

Во очекуваните резултати од проектот спаѓаат: креирани и имплементирани 5 модули за обука за наставници; воспоставен транснационален инклузивен клуб со 4 филијали; 16 обучени наставници како инструктори и ментори; подготвен документ за стратешко партнерство со препораки за подобрување на локалните политики…

Одржливоста на проектот е планирана преку инфраструктурата, човечките и финансиските ресурси, институционалната поддршка и создавањето транснационална мрежа.
Проектот вклучува 9 партнерски организации од 4 европски земји: Македонија, Португалија, Грција и Хрватска, а трае 2 години, до крајот на 2026 година.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
