ПОВИК ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2025 ГОДИНА

Во Спорт
јануари 2, 2026
1 минути

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2025 година.

На манифестацијата ќе се изберат:

  • најдобар спортист за 2025 година;
  • најдобар млад надежен спортист ;
  • најдобра спортска екипа;
  • најдобар спортски тренер;
  • најдобар спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во општина  Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

Рокот за пријавување е до 16 јануари 2026 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Општина Кочани

Одделение за јавни дејности

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ