Обилните врнежи од дожд што ја зафатија нашата земја предизвикаа поплавување на објекти, посеви и улици. Имун на сето тоа не остана ниту Кочани.

Имено по обилните врнежи од дожд капацитетот на водата е зголемен па во горното течени Кочанска река се излеа и поплави бавчи, викендички и други објекти.

Онаму пак каде коритото на Кочанска река е регулирано таму нема излевање на водата.
Фотографиите зборуваат за моменталната состојба.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
