ДАРИЈАН ПАВЛЕВ НАЈДОБАР СПОРТИСТ НА КОЧАНИ ЗА 2025 ГОДИНА

Во Спорт
јануари 25, 2026
1 минути

Комисијата во состав; Лазо Димитров (Телевизија Кочани), Илија Стефановски (Радио Кочани) Драган Николов (Портал на Радио Кочани) и Тања Велкова (Портал Сито) во петокот во салата за состаноци на Локалната самоуправа – Кочани го извршија годинешниот „Избор на спортист на Кочани за 2025 година“.

За најуспешен спортист на Кочани за 2025 година е прогласен Даријан Павлев (БК Спартак), второпласиран е Филип Стојанов (Карате Клуб Партизан) а на третото место се најде  Наталија Карова (Карате Клуб Кочани).

Во категоријата „Најдобар тренер“ е прогласен Игор Каров (Карате Клуб Кочани) кој зад себе ги остави конкурентите  Симеончо Митев (Фудбал Старс) и Оливер Јовановски (ЖФК Кочани).

ЖФК „Кочани“ победи во категоријата „Најдобра екипа“ а зад неа останаа Карате Клуб „Кочани“ и Клуб за гимнастички спорови „Кочани“

Оливер Јовановски од ОФС Кочани победи во категоријата „Најдобар спортски работник“ а на втората позиција се најде боречкиот судија Гоце Ангелов.

Годнава комисијата одлучи да се додели Постхумно признание за фудбалерот Андреј Лазаров кој трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Инаку сите предложени 22 спортисти во младинските категории ќе добијат признание од Општина Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ