Со огромна гордост и задоволство објавуваме дека нашето училиште е прогласено за Најдобро основно училиште во областа на спортот во Македонија за 2025 година

Ова значајно признание е резултат на континуираната посветеност, напорната работа и спортскиот дух на нашите ученици, наставници и ментори, како и на поддршката од родителите и локалната заедница.
Успехот не е само наш, тој е успех и за нашата Општина, доказ дека со заедничка визија, дисциплина и тимска работа се постигнуваат врвни резултати.

Горди сме на секој ученик кој го претставува нашето училиште, на секој наставник кој вложува срце и знаење и на секој успех што го градиме заедно.
Продолжуваме уште посилно, со истата енергија и љубов кон спортот!

ОУ „Никола Карев“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
