Градоначалникот Владко Грозданов, во име на Општина Кочани, го потпиша договорот со Друштвото за производство, трговија и услуги „Ски-Надја“ од Кочани – новиот закупец на двата ски-лифта на Пониква.
Според договорот, за закупот на овие инфраструктурни објекти, сопственост на Општина Кочани, „Ски-Надја“ ќе плаќа месечна закупнина од 40.100 денари, цена постигната како највисока на одржаното јавно наддавање на 30 јануари 2026 година.

Закупецот е должен да ги одржува ски-лифтовите за нивно безбедно и непречено функционирање.
Склучениот договор е со времетраење од 10 години.
Посакувајќи му успешна работа на управителот на „Ски-Надја“, Александар Стојков, градоначалникот додаде дека управувањето со ски-лифтовите е значаен сегмент за успешна зимска туристичка сезона и воопшто за развојот на Пониква.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
