ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“

септември 30, 2023
1 минути

Во рамки на Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ кој во Кочани се одржува во периодот 29.09 – 01.10 2023 година, Здружението „Еко Тим Исток“ беше дел од настан -„Промоција на природните убавини и туристички вредности на општина Кочани“ на кој го промовираше проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“, и можностите кои ги нуди проектот.

На настанот здружението учествуваше со свој етно – еко штанд на кој беа претставени дел од културата, традицијата и локалните специјалитети од храна на општина Кочани. Штандот беше подготвен од дел од целната група – жени производители на ракотворби и специјалитети од храна кои се вклучени во проектот.

Проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“ на Здружението „Еко Тим Исток“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“ е кофинансиран од Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ