Во официјална посета на Општина Кочани престојуваше амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, придружувана од советничката Ана Вучиќ. Тие остварија средба со градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во општината, со посебен осврт на настаните по пожарот во дискотеката „Пулс“. Беа разгледани можностите за поддршка и соработка во надминување на последиците од трагедијата.

Во рамки на посетата, амбасадорката ја посети и Територијалната противпожарна единица во Кочани, каде што се запозна со капацитетите и подготвеноста на службата. Предвидена е и средба со децата кои беа повредени во пожарот, како израз на поддршка и солидарност.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
