НУ ЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ИНСТАЛИРАНА НОВА КИНО-ОПРЕМА

февруари 13, 2026
1 минути

Во текот на вчерашниот ден, во Центарот за култура „ Бели мугри“ Кочани пристигна новата современа ласерска и мобилна кино- опрема од реномирани производители од САД, Јапонија и Австрија во вредност од 1 2000 000 денари, набавена со финансиската

донација од Агенцијата за електронска комуникација, за замена на веќе застарената и дотраена кино -опрема стара речиси шест децении. По спроведената јавна набавка и склучениот договор со Трговското друштво за производство, трговија и услуги

„ВИСИОН“ ДООЕЛ Скопје, се изврши инсталирањето на новата современа ласерска опрема и новото филмско платно. Во наредните денови ќе следува тест на функционалноста на опремата и обука за ракување со новата техника.

Истовремено, во тек се и подготовките околу креирање на редовен филмски репертоар, со цел кочанската публика да има разновиден избор и по вкус на сите возрасни категории.  Со надеж дека со осовременување на опремата, повозрасната публика ќе се врати, а помладата публика ќе ја почувствува магијата на големото филмско платно во кино сала и ќе стекне нови културни навики, Центарот за култура „ Бели мугри“ Кочани , навремено ќе ја информира јавноста за терминот на првата филмска проекција и за планираните филмски проекции во наредниот период.

НУ ЦК „Бели мугри“ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ