Марко Виденовиќ на пијано и со поезија и гудачкото трио „Мевлем“, посветуваат пригоден музичк-поетски настан на загинатите и на повредените во трагедијата во Кочани.
В недела, 15 март 2026 г., со почеток во 17 ч., во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, Виденовиќ и триото „Мевлем“ приредуваат концерт во рамките на програмата за одбележување на годишнината од трагичниот пожар во Кочани.
Овој уметнички настан испреплетува поезија и авторска музика на Марко Виденовиќ, во изведба на Памела Велкова на виолина, Верица Ајтовска на виола и Енис Аљи на виолончело.
Според Виденовиќ, проектот кој досега е претставен во Скопје, Загреб, Белград, Битола, Гевгелија, Охрид и во Велес, е приспособен кон поводот во Кочани. Уметниците ќе пренесат пораки за солидарност, сочувство и заедничко заздравување.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
