Се одиграа натпреварите од 13-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток во кое вниманието на љубителите на фудбалот најмногу го привлече комшиското дерби во Пирава,
Пред околу 1.500 гедали домашната екипа на „Ударник“ го пречекаа лидерот на табелата „Победа“ од Валандово, Натпреварот заврши без голови а истиот го одбележаа навивачките групи на двете екипи кои на трибините на кои се собраа околу 1.500 гледачи за време на целиот натпревар со громогласно навивање ги бодреа своите миленици.
Во Карбинци истоимениот тим и овој пат не успеа да ја совлада екипата на „Овче Поле“. Гостите славеа со 3:2 иако кон средината на второто полувреме имаа сигурно водство од 3:0, но најпрвин ветеранот Натков со прекрасно изведен слободен удар во 67’ намали на 1:3 а пет минути подоцна домаќините од пенал го поставија конечниот резултат 2:3.
Екипите на „Дојранско Езеро“ и „Малеш“ одиграа 2:2
Слободни беа екипите на „Хоризонт Турново“, „Брегалница“ (Делчево) и „Тиверија“.
На табелата води „Победа“ (Валандово) со 29 бода пред „Овче Поле“ со 28 и натпревар повеќе, „Ударник“ 26,„Хоризонт Турново“ 22, „Брегалница (Делчево) 15, „Карбинци“ 13, „Тиверија“ 10, „Малеш“ 6 и „Дојранско Езеро“ 5 бода.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
