ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ВО ДЕЛЧЕВО БЕЗ ПОБЕДНИК

Во Спорт
април 29, 2023
1 минути

Денес во рамките на 20-тото коло во Трета Фудбалска Лига – исток се одиграа два од закажаните пет натпревара. Во Делчево гостуваше лидерот на табелата „Осогово“ и по многу возбудувања натпреварот заврши без победник. Ако домаќините го добија првото полувреме, второто беше резервирано за гостите.

Уште на самиот почеток, во 01’ гостите поведоа. Домаќините тргнаа од центарот и топката му ја вратија на домашниот голман, Тоше Манов изврши притисок на чуварот на мрежата на Делчевци, топката дојде до Филип Јованов кој непречен од никого биеше во незаштитениот дел од мрежата. По водството на гостите играчите на „Брегалница сениори“ ја презедоа иницијативата и веќе во 16’ го израмнија резултатот. По едно проигрување во празно погреши последната линија на „Осогово“ топката ја прифати Иван Димитровски и резултатот беше израмнет. Во 40’ домаќините поведоа. Бојан Петровски нанижа неколку гостински играчи изби сам пред гостинскиот голман Симон Стојковски и домаќините со гол предност заминаа во соблекувалните.

Во второто полувреме иницијативата на кочанчани вроди со плод во 62’. По еден изведен корнер топката удри во пречката на домаќините, се одби до Тоше Манов кој со лева нога биеше и резултатот беше израмнет. До крајот и двете екипи се обидуваа нешто повеќе да сторат но останаа конечни 2:2/

Во вториот натпревар одигран денес, во Пробиштип „Рудар“ ја совлада „Тиверија“ со 2:0/

Преостанаите три натпревари се играат утре (недела) со почеток во 17:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ