Утре (Сабота) се играат натпреварите од 21-то коло во Втора Фудбалска Лига. Ако се погледне моменталната табела натпреварот во Радовиш го привлекува најголемото внимание на љубителите на фудбалот.
Осмопласираниот „Детонит Плачковица“ го пречекува „Осогово“ кое со еден бод предност се наоѓа на седмото место.
Оваа пролето кочанскиот второлигаш со своите настапи позитивно ги изненади не само своите навивачи туку и пошироката фудбалска јавност. На одиграните 5 натпревари оваа пролет „жетварите“ забележаа четири победи и само еден пораз што влева надеж за успешен настап и во Радовиш. Играчите на „Осогово“ најавуваат добар натпревар а искрено посакуваат да се повтори резултатот од минатата сезона кога како гости славеа во Радовиш со 1:0.
Двојки за 21-то коло:
Детонит Плачковица – Осогово
Беласица – Тетекс
Слога 1934 – Шкендија (А)
Големо Коњари – Победа
Скопје – Кожуф
Охрид – Вардар (Н)
Преспа – Брегалница
Каменица Саса – Новаци
Натпреварите започнуваат во 14.30 часот
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
