Пловдив (Република Бугарија) беше домаќин на големиот Меѓународен турнир во борење „Дан Колов – Никола Петров“ на кој зедоа учество голем број борачи од повеќе држави, меѓу кои и Македонската репрезентација пд водството на Могамед Ибрагимов.
На турнирот кој се смета за најголем во светот продефилираа олимписки шампиони, светски и европски прваци и други победници на значајни натпреварувања.

Борачот на „Спартак“ Расул Шапиев настапи во категоријата до 79 килограми и го освои петото место. Ова беше последен тест на Расул Шапиев пред Еврипското првенство кое ќе се одржи во Тирана (Албанија).
Кочани имаше уште еден претставник на овој силен Меѓународен турнир, Гоце Ангелов ја делеше правдата на душекот и за него овој турнир ќе биде едно големо искуство во понатамошната кариера.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
